СДСМ за како што велат новата хаварија во РЕК и увозот на...

СДСМ за како што велат новата хаварија во РЕК и увозот на скапа стуја

0 615

Според последните информации, не само што не е поправен еден од блоковите на РЕК Битола, туку има дополнителна хаварија, односно пукнати се цевки, изјави денеска пратеникот и претседател на општинската организација на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски.

Тој на прес-конференција истакна дека „ова му се случува на комбинатот, иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и за ремонти“.

– РЕК Битола произведува речиси 80 проценти од струјата во Македонија. Поради неодговорните политики на досегашната власт, којашто 10 години се занимава со криминални тендери, не работат други енергетски капацитети, како ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино – изјави Ковачевски.

Тој додаде дека засега проблемот се решава со многу скап увоз на струја, што до вчера граѓаните ги чинеше околу половина милион евра, само за два дена. Притоа информираше дека распишан е нов тендер за интервентен увоз на струја за денеска и за утре.

– Цената е огромна, повеќе од 600 проценти повисока од одобрената од Регулаторната комисија за енергетика. За вечер е набавена увозна струја по цена од неверојатни 220 евра по мегават-час и тоа ќе ги чини граѓаните 155.000 евра. Увезената струја за утре и за задутре ќе ги чини граѓаните 1.286.000 евра. За пет дена, поради несериозната власт, граѓаните ќе платат речиси 2.000.000 евра – додаде Ковачевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.