СДСМ за политиките на ВМРО-ДПМНЕ

0
613

-ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски без идеи и без никакви резултати зад себе само пред избори се сеќаваат на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Талески на битолчани им ветија гасификација, топлификација, нов стадион, нова спортска сала, затворен базен, полигон за полагање возачки испит. Меѓутоа ништо од ова не направија.

Не прифатија ниту да се изгради Клинички центар во Битола, ниту пречистителна станица, градинки и други проекти од суштинско значење за граѓаните на Битола. Тоа се виртуелните проекти на ВМРО-ДПМНЕ во Битола што никогаш не се реализираа.

Ама затоа додека битолчани осиромашуваа, додека битолчани се труеа од воздухот кој го дишат, додека невработеноста се повеќе и повеќе растеше и поради тоа најголемиот дел од младите си заминаа во странство, Никола Груевски и Владимир Талескиво изминатите години единствено мислеа на изборни измами, провизии, тендери, на мерцедес од 600 илјади евра…

Од Ставревски и Јанкулоска пак слушнавме дека Талески е корумпиран криминалец кој за матните договори бара поддршка од Коце Трајановски преку ЗЕЛС.

ВМРО-ДПМНЕ едно зборува пред граѓаните а друго прави.

Тоа е таа виртуелна реалност што повеќе не поминува.

Времето на Никола Груевски помина.

Сега граѓаните имаат само една идеја: Збогум Никола за спас на Македонија, изјави Борче Корлевски СДСМ -Битола.