СДСМ за пратеникот Наумовски

0
304

-Насилникот-пратеник, кој неуспешно се обиде да се претстави како жртва, го повикуваме да потврди или да демантира за следното:

  • Дали на ден 21.12.2014 г. физички и психички ја малтретирал сопругата Н.Г. за што е пријавен во СВР Битола?

  • Дали на ден 18.01.2015 г. упатил закана до сопругата и нејзината сестра дека ќе ги убие за што исто така е пријавен во Полициската станица Битола?

  • Дали истиот ден 18.01.2015 г. од страна на службени лица на СВР Битола привремено му се одземени пиштол ZORAKI 917 T кал.9-мм, една рамка муниција и потврда за оружје?

  • Дали на ден 25.01.2015 е пријавен во Полициска Станица Битола од страна на неговата сопруга дека ја малтретирал и упатувал закана дека ќе ја убие?

  • Дали на ден 16.02.2015 г. го прекршил решението од ОС Битола за привремени мерки за заштита од семејно насилство за што е пријавен во СВР Битола од страна на неговата сопруга?

  • Дали на ден 18.02.2015 г. е пријавен од лицето Ј.Н. родена 1950 година за физички напад односно удирање со клоци по телото?, праша денес на пре-конференција портпаролот на СДСМ Битола, Борче Корлевски.