СДСМ за Стрежево

0
572

-Власта на Никола Груевски преку Јавното претпријатие Стрежево призна вина за оставените земјоделци во Пелагонија без вода на пеколните температури над 40 степени.

Недозволиво е и срамота е Јавното претпријатие Стрежево и ВМРО-ДПМНЕ за недостигот на водоснабдување на земјоделските површини да се правдаат со свлечиште предизвикано од елементарна непогода што се случила на почеток на годината.

Што чекаше власта на Груевски половина година досега?

Што презедоа досега за да го санираат свлечиштето?

Не знаеа дека доаѓа лето и дека на земјоделците ќе им треба вода?

Каде се потрошени парите на земјоделците кои редовно си ги плаќаат сметките кон ЈП Стрежево и каде се парите на граѓаните од даноците?

Надлежните од власта на ВМРО ДПМНЕ можеа да го спречат проблемот со недостиг на вода со којшто се соочува речиси цела Пелагонија.

Нашите информации од теренот говорат дека земјоделците ќе претрпат сериозни штети врз квалитетот на родот.

За тоа ќе мора да има одговорност, изјави Борче Корлевски, портпарол на ОО СДСМ Битола.