СДСМ за цените во реонскиот пазар

0
241

При секојдневните средби со граѓаните, до нас пристигнуваат бројни поплаки за напластените проблеми од неодговорната власт.Производителите на сезонско овошје и зеленчук кои продаваат на реонскиот пазар се чувствуваат онеправдени затоа што плаќаат повеќе пари за закуп на тезга. Тоа ја отежнува нивната егзистенција.Затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата на следната седница на Совет ќе побара проширување на Дневниот ред со нова точка за Дополнување на Одлуката за цените во Реонскиот пазар.Според барањата на нашите сограѓани, производители на сезонско овошје и зеленчук кое се продава во реонскиот пазар во Нова Битола т.е. Новиот Пазар, ќе побараме:

Наплатата на паушалот да биде на дневна основа, како што е на Централниот пазар

Ова дополнување да важи за местата кои што се означени за таа намена и дефинирани со Одлуките на Советот на Општина Битола

Со исполнување на ова барање на производителите на сезонско овошје и зеленчук се внесува рамноправност и конкурентност со што значително им се помога.

Очекуваме барањето на советниците од СДСМ и коалицијата да биде прифатено и поддржано и од владејачкото мнозинство, во интерес на граѓаните.