СДСМ за ветеното а неисполнето

0
1836

– Се што ветија не исполнија, а тоа што го реализираа заврши со многубројни финансиски малверзации. Во сите изборни циклуси, почнувајќи од 2009-та година, главно ветување на ДПМНЕ и Талески беше реконструкција и изградба на пругата од Битола до Кременица, односно до македонско-грчката граница.
Во изминатиот период успеаа да изградат само 1 километар од вкупно 17, а околу 70 фирми изведувачи кои работеле на пругата останале без ветените пари. Се работи за долг од околу 1 милион евра.
Имајќи во предвид тоа што во текот на 2014та година се обезбедени 20 милиони евра преку ИПА фондовите и тоа што досега никој досега не сносил одговорност, ги прашуваме Дпмне  – каде се парите од овај проект?
Ова е начинот на кој 12 години тие функционираат, секогаш ставајќи ги сопствените интереси пред интересите на битолчани.
Да, конечно некој ќе сноси одговорност! Битола не смее веќе да биде заборавена!Ние ветуваме дека во нашиот мандат пругата конечно ќе биде изградена, со што ќе се овозможи повторно воведување на патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција, изјави Методија Илиевски кандидат за советник на СДСМ и коалиција

– Во денешното општество, сите граѓани имаат право да живеат со своите семејства, да посетуваат редовно училиште, да се вработат и да имаат шанса за исполнет и самостоен живот. Меѓу нив спаѓаат и лицата со телесна инвалидност, слепите лица, глувите лица, лицата со ПП.
Жално е што вие од ДПМНЕ во цели 12г. владеење не бевте доблесни да ги решите основните потреби и проблеми со кои овие граѓани секојдневно се соочуваат.
КАКО вие од ДПМНЕ по цели 12г. владеење со огромен општински буџет ДОЗВОЛИВТЕ конзулска Битола да заостанува зад други, многу помали општини?!
НЕДОЗВОЛИВО Е во 21 век во нашата општина:
глувите лица да немаат на располагање толкувач за нивниот гестовен јазик за помош при комуникација во институциите;
лицата со телесен инвалидитет да немаат соодветен пристап до сите институции;
слепите лица да немаат соодветни помагала, прилагодена инфраструктура, звучна сигнализација која би го олеснала нивното секојдневие!
НЕДОЗВОЛИВО во 21 век нашите деца со ПП да учат во визбите на ОУ „Ѓ.Сугарев“. А, во ЕРАТА НА ВАШЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, да се школуваат во ДИСПЕРЗИРАНИ средношколски паралелки, кои попатно речено се отворени благодарение на иницијативата на НАС, родителите на овие деца со ПП уште во 2007 година. ПРЕД ЦЕЛИ ДЕСЕТ ГОДИНИ!
Во своето 12 год.владеење со општината ВИЕ ОД ДПМНЕ воопшто не ни помисливте на проблемот за вработување на овие граѓани!
ЗАТОА, точно од ова место, под Саат Кулата во Конзулска Битола ја праќаме пораката:
Идната локална власт на СДСМ и колалицијата, сериозно и одговорно ќе се соочи со сите проблеми и потреби на овие граѓани, изјави Емилија Костурски канидат за советник на СДСМ и коалиција