СДСМ за водоснабдувањето

0
198

-Она на што опоменувавме и од што стравувавме, за жал стана реалност.

Од февруари, кога се појави свлечиште на главниот стрежевски канал, досега, надлежните од власта на ВМРО ДПМНЕ не презедоа ништо да се санира проблемот.

Поради тоа, од вчера во прекин е главниот канал преку којшто се снабдуваат со вода градот Битола, земјоделците во Пелагонија, а вода користи и главниот енергетски комбинат, РЕК Битола.

На овие тропски горештини, од вчера без капка вода останаа земјоделците во битолско, кои изминатиот период го поминуваа со рестрикции и со мал притисок на вода.

Излезени сме на терен со земјоделците кои со право се загрижени за родот и егзистенцијата.

Не се утеха најавите дека ќе се направи обид градот и комбинатот денеска да не останат без вода, бидејки проблемот со оштетениот водоводен канал е сериозен, што бара време за решавање.

За ваквото неодговорно однесување, ВМРО ДПМНЕ и нејзините кадри ќе мора да понесат одговорност, изјави Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.