СДСМ за железницата Битола-Кременица

0
784

-На повидок е нов финансиски скандал поврзан со парите за реконструкцијата на железничката линија Битола-Кременица.

Според објавениот тендер и потпишаните договори за реконструкција, работите на оваа делница требаше да завршат до крајот на минатиот месец, односно до 30 јули оваа година.

Како што може да се види, состојбата на терен не е како што би требало да биде.

Потврда за ова дојде и од изведувачот на работите. Бугарската фирма Водстрој потврди дека е завршено само околу ¼ од предвиденото.

Тие упатуваат на одредени тековни проблеми во работењето, а се соочуваат и со ненавремено префрлување на финансиите.

Токму заради проблемите со финансиите, голем дел од фирмите подизведувачи подолго време немаат добиено ниту денар за извршените договорни работи.

Според наши информации, само за градежните активности и превоз со камиони фирмите подизведувачи побаруваат повеќе од 1 милион евра.

Ако на ова се додаваат и неисплатените обрски за тампон, бетон, железо и други материјални набавки и услуги, долговите од изведувачот кон фирмите добавувачи и изведувачи надминува повеќе милиони евра.

Каде се парите?

Зошто не се исплатени домашните фирми-подизведувачи?,изјави Васко Ковачевски СДСМ-Битола