Се апсат криумчари на мигранти во Велес

0
509

Голема полициска акција се спроведува на територијата на Велес и други општини, под назив „Којот“ чија цел е апсење криумчари на мигранти, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

ОЈО раководи со преистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал од  утринава спроведува голема оперативна акција под називот „Којот”.

Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти, криумчарење мигранти, разбојништво, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во рамките на акцијата, а во насока на пронаоѓање траги и предмети важни за кривичната постапка се вршат претреси на повеќе локации во Велес и други населени места.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена./крај/мф/бб