Се асфалтира ул.Кузман Јосифовски во Битола

0
2096
SONY DSC

– Овде веќе е сменета водоводната мрежа, канализацијата и еве сега после тампонирањето и поставувањето ивичници, започнавме со асфалтирање на улицата. Овој дел ќе биде завршен најдоцна до утре. Мислам дека, оваа е една од поважните улици, бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје и е многу оптоварена со сообраќај и пешаци. Вкупната вредност на проектот со сите досега реализирани активности изнесува 15 500 000 денари, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.

SONY DSC
SONY DSC
SONY DSC

Градоначалникот на Општина Битола изрази благодарност до мештаните за трпението при реализацијата на досегашните активности и потсети дека, оваа градежна сезона општината, интервенира на повеќе локаци, меѓу кои улиците Апостол Здравевски, улицата Големо Езеро, улиците во поранешната касарна, како и на повеќе воспитно образовни објекти.

 

Без коментари