Се асфалтира улица Довлеџик

0
265

Денеска започна да се асфалтира улица Довлеџик во Битола.

„На влезот во Битола од страната на Охрид се работеше во повеќе фази а денеска се тура асфалт, Вредноста на проектот изнесува околу 40 милиони денари од кои 7,5 милиони денари за асфалт на оваа улица а 5 милиони денари за улично осветлување. Практично оваа улица ќе добие комплетно нов изглед”,изјави д-р Владимир Талески.
Изведувач е ЈП Нискоградба
„Цела улица која е во должина од 1 километар и доби комплетно нов изгледсо подземна нова канализација, нова инсталација , со атмосферска канализација во должина од 860 метри. Се поставија и нови ивичњаци, нови решетки”, изјави Кире Крстевски иректор на ЈП Нискоградба-Битола
Жителите од улицата задоволни
„ Живеам веќе 30 години на оваа улица и сега можам да речам дека улицата доби комплетно нов изгледа”, изјави Јана Стојановска жител на ул. Довлеџик
Утре ќе биде турен вториот слој од асфалтот а од сабота граѓаните ќе можат да ја користат улицата за сообраќај.ВО наредниот период се планира да биде поставена хоризонтална и вертикална сигнализација