Се асфалтира улицата Големо Езеро

0
2247
SONY DSC

На повеќе локации, во урбаниот и руралниот дел, продолжуваат градежните активности во Општина Битола. Денес се асфалтираше на улицата Големо Езеро:

„Секаде каде што се планирани проектите интензивно се работат. Овој половина километар е многу значаен за населбата, затоа што станува збор за најпрометен дел кој го користи и целата населба Нова Битола за влез во населбата. Се работи за тампонирање, асфалтирање и поставување на ивичници, тротоари и осветлување. Вредноста на овој проект е над 6 000 000 денари”, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески на денешната прес конференција.

После завршувањето на улицата Големо Езеро, инфраструктурните активности продолжуваат и на другите улици, согласно предвидената програма, велат од општина Битола.

Без коментари