Се бара разрешување на директорот на Музичкото училиште во Битола

0
1112

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по пријава која се однесува на утврдување состојба на судир на интереси, по разгледување на прибавената документација и утврдување на фактичката состојба, донесе заклучок врз основа на членот 21 став 1 алинеја 4 од Законот за спречување судир на интереси и член 49 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на корупцијата до Училишниот одбор на Државното Музичко Училиште Битола, како надлежен орган кој извршил именување, да поднесе Иницијатива за поведување постапка за разрешување на директорот на Државното Музичко Училиште Битола, од извршување јавни овластувања и должности затоа што постапил спротивно на членовите 11, 12, 13 и 14 од Законот за спречување судир на интереси и Законот за спречување на корупцијата, со тоа што не се изземал од учество во постапката за вработување на негово блиско лице. Иницијативата за разрешување е доставена и до Министерството за образование и наука, стои во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата.