Се би дал-нова песна на Сале и Ален Исламовиќ

0
516

По соработката со Бора-Чорба, чии авторски песни пееше, Сашо Андриески на домашната естрада попознат како Сале-Рокер, има соработка со уште една екс -ЈУ рок легенда. Се работи за песната „Се’ би дал“, која ја компонираше некогашниот пејач на легендарните „Бијело дугме“ и пред тоа „Дивље јагоде“, Ален Исламовиќ.

Сале освен со Ален, има соработка и со повеќе ѕвезди особено од српската музичка сцена, чии што концерти во Македонија ги организира.

Се би дал е рок балада за која стиховите ги напиша Огнен Неделковски, додека аранжманот е дело на гитаристот на групата Ване Несторовски, во чие студио „Магнето“ во Тетово песната и видеоспотот се снимени.

Со овој сингл Сале и неговата група, го најавуваат излегувањето на нивниот албум, кој треба да се појави наскоро.