Се чека буџетот за 2017 година

0
278

До понеделник Владата до собранието треба да го испрати буџетот за 2017 година, откако Министерството за финасии го достави на владина седница. Сеуште е неизвесно дали Министерот за финансии  Кирил Миновски денеска ќе го претстави новиот буџет преку кој  треба да се видат контурите на најважниот документ од кој зависи целата економија.

Како што објави 24 Вести, со новиот буџет се предвидува економски раст од 3% а буџетскиот дефицит догодина треба да се намали во однос на сегашните позиции, и да изнесува 3 отсто. Буџетот се праќа на усвојување во парламентот само неколу дена откако Министерот за финансии Миновски изјави дека рано е да зборува за буџетските позиции во 2017.
Дополнителниот заменик министер Кире Наумов предложи модел на времено финансирање со  обрзложение дека ќе се зголеми транспарентност во трошењето на народните пари, а ќе се  намалат можностите од предизборни злоупотреби.
Новиот буџет,  со оглед на внатрешно политичката состојба, треба да биде усвоен до 12 октомври кога се распушта собранието. Од опозициската СДСМ веќе најавија дека ќе направат се за да го спречат донесувањето на буџетот.
Последниот поголем судир кој прерасна и во физичка пресметка се случи за буџетската каса во 2012 година на 24 декмври ден  што  остана  запаметен како црниот понеделник.