Се чека одговорот на Турција

0
308

По долги преговори во петокот до доцна во ноќта, лидерите на 28 земји членки на ЕУ најдоа “заеднички став” за решавање на бегалската криза кој попладнево ќе му биде презентиран на турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Во надеж дека и тој ќе му се придружи на европскиот заеднички став кој има за цел да го сопре бранот бегалци кои доаѓаат во ЕУ и да и помогне на Грција.

Во четвртокот доцна навечер лидерите се разодитоа без да излезат на прес конференција па информациите стасуваа преку Твитер и брифинзите на портпаролите.

Според нив, нема формален договор но заеднички став кој ги содржи црвените линии на ЕУ преку кои не смее да се помине во преговорите за Давотоглу.

“Земјите членки се согласија околу еден предлог кој сега ќе биде разгледуван во Турција и не можам да ви гарантирам дека исходот ќе биде успешен”, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, еден од ретките кои го коментираа европскиот став.

Според портпаролите во ЕУ, повеќе земји членки изразиле стравување дека главната договорена мерка – враќање на сите нови мигранти кои стасуваат во Грција од Турција, вклучително и барателите на азил – треба да се вратат назад во Турција.

Втор проблем во дискусијата со Давутоглу се ветувањата што и се даваат на Турција за да се согласи да ги прими од Грција назад бегалците и мигрантите. Помеѓу тие ветувања е безвизен режим и отворање на нови поглавија од преговорите за членство со ЕУ кога се знае дека турскиот режим станува се поавторитарен.