Се чека плата за да се опремат децата за на училиште

0
1085

Новата школска година е на прагот, а со неа  и новиот финансиски товар за родителите: книги,тетратки, спортска опрема, воннаставни активности и ред други работи. Книжарниците преполни со стока ама купувачи слабо. Од книжарницата „Барби“ во Битола велат дека како и секоја година така и оваа граѓаните го чекаат стартот на новата учебна година а потоа купуваат. Сега доаѓале и се распрашувале само за цената на школскиот прибор

katina
„ Сеуште е рано, како и секоја година така и оваа граѓаните чекаат да дојде први септември да почне школската година и секако да земат плата па да го спремат своето дете за на училиште“, изјави Катина Тасевска, сопственик на книжара „Барби“- Битола
Колку за илустрација во книжарница „Барби“ пенкалата се продаваат од 10 до 60 денари, фломастерите од 60 до 200 денари, несесери од 70 до 700 денари се разбира во зависност од квалитетот, блокчињата од 20 денари за скицирање до 35 денари за блок бр.5 и тетратките од 10 до 150 денари. Иако учебниците за основно и средно образование се бесплатни, само за најосновниот училиштен прибор потребни се околу 1500 денари, а ако се земе во предвид и школскиот ранец тогаш секој од својот буџет треба да одвои околу 4 до 5 илјади денари.Секако ранци има и поефтини и скапи. Нивната цена се движи од 290 денари обичен ранец а ако е поквалитетен неговата цена достигнува и до 3000 денари велат од книжарница Барби.

„ Цените се слични како и минатата година. Имате школски прибор и поскап кој е поквалитетет и поефтин . Квалитетот ја диктира цената. Секој сака на своето дете да му купи поскапо, ама секој гледа онолку колку што му дозволува неговиот буџет“, додаде Тасевска

Ако на трошоците за училишен прибор се додадат и парите што ќе се потрошат за набавка на нова есенска облека подготовката на еден ученик ќе чини многу повеќе.
Тука се поставува прашањето како граѓаните да успеат да оделат од својот буџет околу 5000 денари за подготовка на своето дете за на училиште кога статистиката на Народна банка покажува дека околу 60 % од вработените граѓани на Македонија земаат плата пониска од просечната.Повеќе од половина од вработените лица примаат нето-плата од 8 000 до 20 000, што е под просечната нето-плата за 2014 година.А само 17% од вработените имаат плата еднаква или малку поголема од просечната месечна нето- плата. Па како да се протурка месец септември кој покрај трошоците за школската година граѓаните имаат уште една главоболка а тоа се трошоците за зимница .

Без коментари

LEAVE A REPLY