Се чистат дивите депонии во градот

0
193

Битолските јавни претпријатија деновиве на терен во акција за чистење на лоцираните диви депонии во градот. Ако пред само неколку години беа лоцирани 129 депонии денес нивната бројка изнесува околу 20 тина кои што се чистат најмалку 2 пати годишно. Денес јавните комунални претпријатија презедоа активности на неколку локации меѓу кои и дивата депонија кај месноста викана Тепсија и депониите на патот М5.

vesna_deponiii_002.jpg

„Акцијата за чистење на дивите депонии општината Битола ја реализира два пати годишно, и тоа во пролетниот и есенскиот дел од годината. Бројката од 128 диви депонии кои што ги имавме во нашата општина, денес е сведена на 19. Меѓутоа, и понатаму ќе се преземаат активности за чистење на диви депонии онаму каде што ќе се јави потреба во текот на целата година..Сакам да укажам на една постојана опасност која се појавува во оваа сфера која што опфаќа веќе и неколку сегменти. Се работи за делот над тунелот кај ромската населба, таму постојано се исфрлува отпад. Ние со јавните комунални претпријатија посебно со Комуналец, последните неколку месеци во неколку наврати поставивме таму контејнери, но повторно сметот се фрла на патот. И покрај тоа што се загадува средината во која што живеат, веќе станува опасност и за движењето на возилата. Со ова укажувам на потребата од директна соработка, и апелирам граѓаните да соработуваат со нас ” изјави градоначалникот д-р. Владимир Талески.

vesna_deponiii_003.jpg

Талески се надева дека заедно сите граѓаните, инспекцијата, јавните комунални претпријатија ќе ја намалиме уште повеќе бројката на диви депонии во градот.