Се чистеа депонии низ градот

0
526

Општина Битола, во соработка со јавните претпријатија и невладини организации и оваа година на светскиот ден за заштита на животната средина организира акција за почиста околина. Во рамките на акцијата во координација со општинскиот комунален инспекторат  се чистеа повеќе депонии: пат А3-обиколница на градот, „Тепсија”, ул. „Мирче Ацев” бр.44, ул. „Партизанска” кај стар ресторан „Парк” и старите светонеделски гробишта.

deponii 4

„ Апелирам до граѓаните, сметот да го исфрлаат онаму каде што е одредено место за исфрлање на истиот. Органскиот и градежниот шут кој го исфрлаат навистина ја загадува животната средина. Да потсетам на почетокот кога почнавме со ваквите активности, имавме лоцирано 117 диви депонии, која бројка се намалува. Благодарност до мештаните кои го почитуваат тоа и се разбира кои ни помагаат во лоцирање на несовесните граѓани. Во изминатиов период општинската инспекција имаше полни раце работа, така што 23 лица кои што фрлаа отпад се опоменати и задолжени со чистење на целата депонија каде што го исфрлале отпадот, а три лица се парично казнети и тоа ќе го продолжиме како пракса и во идниот период. “, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

SONY DSC
SONY DSC

Два пати годишно, општината организира и масовни акции за почиста околина, кои се дел од програмските активности на локалната самоуправа, но честопати и во координација со ресорното министерствo.

„ На дневна основа се следи и аерозагадувањето, а со тоа може да се каже и дека во последните два месеци, во Битола има нормална ситуација и нема отстапување од она што е дозволено во рамките на законот“ рече Талески.