Се чистеше и се бојадисуваше Центарот за аутизам во Битола

0
1286

Во пресрет на меѓународниуот ден на аутизмот 2 ри април, МКЦ Битола организираше волонтерска акција во која што го уредуваа и бојадисува дворното место на Центарот за аутизам во Битола . Во акцијата им се приклучија и граѓаните

Акцијата ја организираме во пресрет на Меѓународниот ден на аутизмот – 2ри април со цел да ја подигнеме јавната свест и да потсетиме дека во општеството постои аутизмот, дека не е болест, дека треба да се прифати и да се третира., изјави Маја Aнгеловска МКЦ-Битола

Од Центарот за Аутизам се заблагодарија за ваквата акција и нагласија дека со ова МКЦ ја поттикнува заедницата да даде придонес во развоојот на состојбата, образованието и едуцирањето на децата со пречки во развојот

Волонтерската акција е поддржана во рамките на институционалниот грант на програмата на Цивика Мобилитас.