Се е подготвено за 16-тиот Моден викенд во Скопје

0
170

Модниот викенд Скопје по шеснаесетти пат ја најавува престојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.

Како секоја сезона така и оваа, Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која, овој пат, е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket, покрената од британската огранизација „Stop The Traffik“. На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

– Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката која ја носиме да не е изработена од луѓе кои се експлоатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд – купувајте помалку, но одберете внимателно, велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Својата ревија во рамките на модниот викенд ќе ја прикаже битолчанецот Андреј Папаз Ѓеоргиевски, дизајнер и стилист на повеќе јавни личност од Македонија,  со наслов Подем на гревот. Тој минатата година во рамките на оваа маниефстација ја претстави својата прва самостојна ревија со наслов Враќање на антихеројот, а што ќе ни претстави со втората самостојна ревија, останува да видиме на 22 ри октомври.

Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“. Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими“. Графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.