Се е подготвено за 36-тото издание на ИФФК Браќа Манаки

0
717

Претседателот на друштвото на филмските работници, Роберт Насков, на денешната прес конференција за филмскиот фестивал Браќа Манаки, истакна дека добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, пак, е карикатуристот, автор на анимирани филмови и архитект Дарко Марковиќ.
Овогодинешното издание на фестивалот се отвора со македонскиот филм Лазар.

Според директорот на фотографија на овој филм, Дејан Димески, „Браќа Манаки“ претставува фестивал со кој созреал како автор, а истовремено ги учел тајните на големите мајстори на фотографијата, како од нашата држава така и од светот.
Директорот на фестивалот Димитар Николов ги соопшти и имињата на добитниците на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.

-Горди сме што гости во Битола ќе бидат легендата на европскиот филм Бруно Ганц и рускиот актер Алексеј Серебрјаков. Верувам дека не треба многу да образложувам зошто двајцата заслужуваат да влезат во Клубот на великаните на нашиот фестивал – рече тој.

За наградите „Златна камера 300“ ќе се натпреваруваат 13 играни филма, а за нивниот избор селекторот Благоја Куновски-Доре, кој истакна дека годинава првпат бројот помеѓу филмовите од Европа и оние од другите континенти е видливо изедначен.

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 18 до 27 септември.