Се е подготвено за Фестивалот на музика од светот

0
569

Последните подготовки за 8 -то издание на Фестивалот на музика од светот се при крај. Имено оваа манифестација чиј организатор е Центарот за култура Битола, ќе се одржи на 5 -ти и 6 -ти ноември.

Двата денови изобилуваат со квалитетна програма, а фестивалот се отвора со португалската пејачка Тереза Салгуеро.

Таа е врвен промотор на фадо музиката, односно традиционалната португалска музика.

Следниот ден ќе настапи звездата во подем односно пејачката и композитор од Холандија која е со турско потекло Карсу Донмез.

Двете пејачки ќе настапат со 5 член бенд.

Селектор и оваа година е Оливер Јосифовски, а фестивалот е поддржан од министерството за култура на република Македонија.

Битола и република Македонија со оваа манифестација имаат уште еден значаен интернационален музички фестивал. Фестивал кој со својот концепт е репрезент на актуелностите во музиката од светот и случување кое токму поради звучните имиња се понагласено се наметнува како аниматор на вниманието на пошироката публика од регионот.