Се е подготвено за годишната ревија на Балестра

0
635

Балестра е бренд на Битола , модно студио кoe со своето долгогодишно постоење ги воведува малите манекени и манекенки во светот на модата. Во Балестра децата ги учат тајните на манекенството. Овој пат тие се подготвуваат за традиционалната годишна ревија.

Ова модно студио постои 30 години.
Околу самите подготовки веќе повеќе години работи иста екипа, чиј ентузијазам во работата со дечињата доведе до успехот и препознатливоста на Балестра.
Гламурозна атмосфера, весели и насмеани дечиња, кои едвај чекаат да излезат на сцена и да покажат што научиле во текот на часовите, е само мал дел од она што секоја година се случува на модните ревии на Балестра.
Традиционалната годишна ревија ќе се одржи на 8  – ми април во Центарот за култура .