Се е подготвено за промоцијата на Ретро перспектива

0
263

На 30-ти октомври во Битола, во Центарот за култура, ќе се одржи промоција на првиот музички албум на Стефанија Милевска.

Таа е препознатлива на музичката сцена со концертите низ цела Македонија со својот бенд- BLUESIS.

На денешната прес конференција го претстави и новиот менаџер односно нејзиниот брат Дарко.

Насловот на албумот е Ретро перспектива. Самата промоција има да каже многу, да пренесе силна мисла и да освести во присутните многу емотивни теми.

За дел од спотовите се погрижи продукција Гнасни деца.

За аранжманите и мастерингот околу албумот задолжен беше Марк Purpose.

Промоцијата на албумот, ќе биде пренесена на повеќе начини: преку говорот на телото , преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи.

Промоцијата на албумот во Битола е почеток на турнејата низ Македонија, а истата започнува од 19 часот во големата сала на Центарот за култура.

Без коментари

LEAVE A REPLY