Се формира балкански ИСИЛ!

0
304

Познавачите на безбедносните состојби на Косово и претставници на институциите во Приштина оценуваат дека милитантната група Исламска држава, може да ги употреби тензиите на Балканот и да формира таканаречен балкански ИСИЛ, пишува Вечер.

Што велат за Радио Слободна Европа косовските познавачи на приликите? Инаку во најновиот извештај на Стејт Департментот за борбата против тероризмот во светот, Косово е оценето како држава со растечки закани од исламскиот екстремизам.

Стручњаците ја критикуваат владата на Косово поради немањето национална стратегија за борба против тероризмот.

Властите, пак, ветуваат дека таквата стратегија ќе биде изготвена за две недели. Таа е неопходна, бидејќи, како што оценуваат експертите, екстремистичките и терористичките движења, кои се базираат на верски интерпретации, можат да ги искористат балканските мотиви за создавање на нова терористичка група.

Бурим Рамадани, поранешен косовски пратеник, наведува дека милитантната група Исламска држава може да ги искористи меѓуетничките мотиви со екстремистичките идеологии кои се присутни на Балканот.