Се гледам со сите граѓани кои се охрабрија против овој режим

0
305

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, власта во моментов режира сценарио исто како и пред проектот „Вистината за Македонија“.

– Тогаш тврдеа дека прислушувале странски служби, па потоа жолти комбиња, па дека опозицијата прислушувала. Сега повторно преку пропагандата Груевски режира филмови. Велат ние фалсификуваме лични карти, за самите себе да се отвориме истрага и да се прогласиме за виновни, изјави Заев, напоменувајќи дека вистинската истрага ја отворил новиот министер во МВР, Оливер Спасовски.

Како што вели тој, во минатото постојано ги повикувал граѓаните кои поседуваат било какви материјали и докази за работењето на власта, да ги достават до него и до медиумите.

Во однос на шпекулациите дека тој бил на заедничка фотографија со првоосомничениот од т.н афера „Фабрика за лични карти“, Заев не ја исклучува можноста при средбата со граѓаните кои доставуваат материјали да има и осомничени, но тоа, како што вели тој, не го менува фактот дека се работи за корупција извршена од страна на власта на Груевски.

Тој вели истрагата треба да покаже како материјалите за личните карти објавени во неделникот „Фокус“ дошле до лицето кое ги пријавило.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали можеби Договорот од Пржино се ниша и неизвесно е дали ќе бидат спроведени изборите во април, Зоран Заев вели, тој договор за СДСМ е единствениот кој дава реална можност за целосен легитимитет на следната власт и излез од политичката криза.

– Договорот од Пржино е единствена можност за излез од политичката криза. Императив на договорот е спроведување на кристално чисти избори кој ќе му дадат целосен легитимитет на победникот. Избори може да има само ако бидат обезбедени сите предуслови за кристално чист изборен процес, рече Заев.

Без коментари

LEAVE A REPLY