Се испитува прв случај на МЕРС во Европа

0
154

Лекарите во Словачка вршат испитувања дали државјанин на Јужна Кореја е заболен од смртоносното заболување Блискоисточен синдром (МЕРС).

Доколку биде отврдено заболувањето, ова ќе биде прв случај на МЕРС во Европа од почетокот на епидемијата во Јужна Кореја.

Британската телевизија Би Би Си наведува дека пациентот е во стабилна состојба и дека испитувањата трабло да покажат дали има вирус. Епидемијата во Јужна Кореја започна минатиот месец кога бизнисмен кој се вратил од деловен пат од Блискиот исток било утврдено дека е заразен со вирусот.

Јужнокорејските власти пријавиле седу нови случаи, со што бројот на заболени се зголеми на 145. Досега 14 лица во Јужна Кореја починаа од МЕРС.

Светската здравствена организација предипреди дека епидемијата е голема и комплицирана и дека се очекуваат нови случаи.

Без коментари

LEAVE A REPLY