„Се издава“ е најголемата фирма во градот.

0
1064

„Се издава!“ Ова се почесто го гледаме во излозите на празните дуќани, наместо лого на некој познат бренд илиреклама со името на некоја фирма. Дури ако некој се сети да регистрира фирма под името „се издава“ ќе добие бесплатна реклама на секој чекор. Што се случува со се поголемиот број на празни дуќани? Тоа е само наш погрешен впечаток или навистина деловниот простор во градов стои празен?

„Неспорно е дека се поголем број дуќани во градов се издаваат или продаваат.“-вели М-р Боро Стојановски, Агенција за недвижности Гео Балкан Битола

Нема доволно фирми кои би го изнајмиле или купиле? Кириите се превисоки? Бизнис климата е лоша? Што е причината што го остава деловниот простор празен?

„Веројатно се наоѓаме во некој период на намалена економска активност кога сите послаби фирми крахираат а опстојуваат само оние кои имаат резерви на средства.“-вели М-р Боро Стојановски, Агенција за недвижности Гео Балкан Битола

Ако старата битолска чаршија е срцето на Битола, тогаш, Битола има срцеви проблеми. Најголем дел од чаршијата, погодувате-се издава. Зошто она што во целиот свет е центар на културниот и забавниот живот, кај нас едвај функционира од 8 до 15 часот и тоа само во пазарен ден. Зошто?

„Чаршијата не е атрактивна заради староста на објектите, но има потенцијал да биде центар на ноќниот живот.“-вели М-р Боро Стојановски, Агенција за недвижности Гео Балкан Битола

Тера направи свое мини-истражување, или ако сакате просто броење. И избројавме дека 93 од околу 200 дуќани во старат чаршија носат знак „се издава“, а околу 50% од новоизградените деловни објекти во Нова Битола се сеуште празни.

Без коментари

LEAVE A REPLY