Се качил на вагон да се фотографира и добил изгореници од струен удар

0
682

На 07.04.2017 година во 19,10 часот во Скопје во депото на Македонски Железници поточно во близина на Блок 1, 15 годишно момче со намера неговата другарка да го фотографира се качил на вагон цистерна, по што се доближил до електричниот вод кој бил под висок напон и притоа се здобил со изгореници од струен удар. Од страна на вработени во Македонски железници повикана е ИМП од чија страна детето е пренесено во УЦ-Скопје каде му се констатирани ТТП (изгореници од втор степен) и е задржан на понатамошно лекување.