Се менуваат азбесните цефки во Ресен

0
413
По речици двомосечен застој околу изведувањето на градежните работи поврзани со реализацијата на еден од најзначајните проекти во општина Ресен во последните пет-шест децении, целосната реконструквција на градскиот Водовод, се започнаа изведбените активности околу довршувањето на секундарната водоводна мрежа во градот. Напоредно со тоа со поддршка од екипи на ЈКП Пролетер, започнаа и активностите за реализација на индивидуалните приклучоци, односно приклучување на домаќинствата – корисници на водоснабдителниот систем од границите на сопственост на водокорисниците, до каде што фирмата изведувач ги извршува работите.
H
Се работи за проект вреден над 800 000 евра со кој целосно ќе се заменат азбесните водоводни цевки кои во Ресен се користеа изминатите шест децении, а со цел да се обезбеди здрава чиста и квалитетна вода за пиење, но истовремено и да се надмине и проблемот со честите дефекти на застарената водоводна мрежа, како и огромните губитоци на вода ,присутни во изминатиот период.
– По минатоесенското завршување на првата фаза на примарната водоводна мрежа , деновиве се пристапи кон довршување на секундарните водоводни приклучоци од првата фаза, кои според нашите очекувања треба да завршат до мај оваа година . По тоа ќе следува втората фаза во која ќе се изврши реконструкција на уште неколку главни улици во градот, а со што паралелно ќе се одвива и приклучувањето на секундарната мрежа и индивидуалните корисници, што планираме да биде завршено до почетокот на оваа есен.Со тоа Ресен ќе добие нов функционален и исклучително квалитетен водоводен систем според сите европски и светски стандарди.- изјави градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
– Припадници сме на историската генерација на вработени во ЈКП Пролетер која по повеќе децении на користење на застарениот и нефункционален водоводен систем во Ресен се нафати на процес на негова целосна реконструкција. Деновиве наши екипи започнаа со реализација на активностите околу индивидуалните приклучоци, започнувајќи од ул Јосиф Јосифовски и во оваа прва фаза која би траела до почеток на месец мај  планираме да реализираме околу 800 приклучоци. – истакна директорот на ЈКП Пролетер од Ресен Љупчо Крстевски.
Во реализација на целокупниот прокет учествува општина Ресен финасиски подржана од Владата на Република Мрежа  и Европската Инвестициона Банка за примарната мрежа, за секундарната мрежа средства се обезбедени преку прокетите на УНДП и сопствени средства на ЈКП Пролетер.
https://youtu.be/k75hqor4IWk