Се обидуваат да го спречат штрајкот

0
329

Kон легитимното раководство на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста се врши бесрамно силен притисок, при што се упатуваат и разни закани за прекоманди, бркање од работа на членови на нивните фамилии и разни други гадости” -вели за Фактор, Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста.

Откако пред два дена тој најави дека Синдикатот ќе поднесе кривична пријава бидејќи институциите дозволиле  исклучен член нелегитимно со фалсификат печат и документи да се впише во Централниот регистар како нов претседател на Синдикатот, вели му била пренесена порака за загрозување на неговиот живот. Но тоа додава дека нема да го поколеба во петок заедно со членството да излезе  на штрајк поради како што вели  крајно лошата ситуација во која се наоѓаат  вработените во МО и АРМ.