Се облече како Дедо Мраз и среде вести ја побара за сопруга

0
633

Новинарот Далибор Жариќ кој работи во Радио-телевизија Србија, ја побара за сопруга својата колешка Дарка Станојевиќ, додека таа во директна програма известуваше од плоштадот во Белград за подготовките на дочекот на Новата година.

Далибор преправен во Дедо Мраз, на девојката и понуди прстен и ја праша дали сака да се омажи за него. Одговорот секако очекуван, „Да“.