Се очекува повторна гужва на граничните премини

0
286

Сообраќајот на сите државни патишта денеска е зголемен и се одвива по суви коловози. Во попладневните часови се очекува наплив на возила од соседна Грција, од каде треба да се вратат бројните викендаши, кои за да го искористат последниот топол викенд во саботата чекаа и по неколку часа за влез во Грција.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.