Се очекуваат обилни врнежи од дожд

0
368

Обилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Како што најавува УХМР денес и во петок ќе има пообилни врнежи, особено во западните и источните подрачја, каде се очекува локално да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа.

До петок нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои ќе предизвикаат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег.