Се одложува денешното судење за случајот “Диво Насеље”

0
643

Денешното рочиште за судскиот процес Диво Насеље во кој на 37 обвинети има се суди за тероризам и терористичка организација, нема да се одржи. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека во текот на минатата недела од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје до судот доставиле барање за одложување на судскиот процес. Судењето ќе продолжи на 20 јули.

Во овој судскиот процес заврши доказната постапка, по што за денес беа највени завршни зборови на обвинителството. На последните неколку рочишта обвинитите го бојкотираа судењето и бараа од судијката да бидат отстранети од судската сала, со обрзаложение дека не го признаваат овој суд и не сакаат да слушаат приказни. Причина за нивниот револт беше тоа што судијката го одби предлогот на одбрната пред судот во својство на сведоци на бидат сослушани Сашо Мијалков, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Артан Груби и Али Ахмети.

Во терористичките напади во кумановската Дива Населба на 9-ти и 10-ти мај, 2015 загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу четириесетмина беа повредени.

Без коментари