Се одржа 19-тото издание на Златна бубамара на популарноста

0
784
Една од најочекуваните манифестации, „Златна Бубамара на популарноста“, се одржа по 19-ти пат и започна со звуците од филмот „Кум“. Концептот ист, местото различно – „Метрополис Арена“. Сепак, и таа беше премала за да ги собере оние што сакаат директно да ја проследат „Бубамарата“ и да видат во што е магијата.
Чистиот воздух, политичкаta ситуација, љубовната, нашите  навики, секојдневните случувања, беа инспирација за овогодинешното сценарио. 
Првото обраќање до публиката го имаше организаторот и домаќин Ранко Петровиќ, кој пак ја додели и првата „Златна бубамара“ и тоа во категориите најпопуларна тв-серија и најпопуларен телевизиско-музички проект, кои им припаднаа на Петко и „5+ фамилијата“.
Oвaa вечер беше посебна и за Игор Џамбазов. Со микс од негови песни, отпеани од Тамара, Дани, Горазд Цветковски, Тино, Атанас, Драган Спасов Дац и Нина Деан и громогласен аплауз од публиката, Џамбазов се појави на сцената да ја прими „Златната бубамара за трајни вредности“, а наградата му ја врачи долгогодишниот пријател Жан Митрев.
Нашиот шоумен и актер ја занеме публиката кога, во стилот на големиот Френк Синатра, ја преработи и препеа на македонски јазик познатата песна „My way“.
Џамбазов пееше за својот живот, за маките низ кои помина, за луѓето околу себе, за пријателите.
На оваа манифестација наградени беа и Петар Мирчевски за најдобар актер, групата Љубојна, Тања Кочовска, Тамара и други.