Се одржа 26-тиот традиционален планинарски марш на Пелистер

0
198

Планинарско спортскиот клуб, Пелистер, во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Монт Еверест, го организираше 26-тиот традиционален планинарски марш.

На истиот учество зедоа околу 300 планинари од земјава и странство, со што маршот добива меѓународен карактер-истакна главниот координатор на маршот Петар Нолев.
26-тото издание на планинарскиот марш, е во рамките на одбележување 80 години постоење на ПСК Пелистер.

Planinarski_Mars_-_1.jpg

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на Димев врв, се одржа традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатија назад кон Инфоцентарот. На маршот беа доделени и благодарници.

Како што е познато, на 10 мај 1989 година битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато се искачи на Монт Еверест, но не успеа да се врати до базниот логор и се води како исчезнат. Постхумно е награден со Медал за заслуги за Македонија.
Денес секојдневно се освојува највисокиот врв, но во тоа време ние бевме меѓу неколкуте држави кои до таа 1989 година го освоија Монт Еверест.

 

Неда Маретиќ