Се одржа протест за малиот Алмир

0
1260

Најстрога казна за возачот, кој го прегази 4-годишниот Алмир Алиу, побараа граѓаните кои попладнево демонстрираа по кумановските улици. Тие во 15 часот тргнаа од пред зградата на ЗИК каде прошетаа низ централното градско подрачје и стигнаа пред Кумановскиот суд.

Семејството на прегазеното дете не беше на протестот, но побараа исто како и родителите на Б.И. на случајот да не му се дава етничка конотација. Тие оставаат судските власти да ја завршат работата според законот. Toj доби 30 дена притвор, по инцидентот пред Здравствениот дом, кога заради банална расправија ги прегази Алмир и неговите родители.

„Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира ваквите немили настани да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии“, се вели во денешното соопштение на МВР.

Настанот се случи на ул. „Борис Кидрич“ во Куманово кога по претходна расправија Илиќ (30) со „мерцедес Ц200“, во кој биле и неговиот брат Б.И.(23) и лицето Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удри С.А.(36) од Куманово, неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 -годишен син. Детето, кое со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, на 1 јули им подлегна на повредите.