Се одржа првиот академски час на БАС

0
503

БАС Академијата го започна деветиот академски час. 37 нови бруцоши, од кои 21 редовен студент и 16 вонредни студенти зачекорија во светот на академијата, само во Битола, а заедно со Академијата во Скопје нивната бројка изнесува 66 новозапишани студенти .Добредојде им посакаа нивните идни професори . Велат дека се задоволни од бројот на новозапишани студенти.

bas-2

-Она што им го порачав на идните суденти е потребата од искористување на можностите што ние им ги даваме а нивна одговорност е да направат се, за да бидат професионални менаџери на идното пазарно стопанство, изјави проф.д-р Цветко Смилевски , БАС Академија-Битола

А кои се очекувањата на идните студенти?

bas-7

-Очекувам да го добијам потребното знаење, оваа Академија од она што ни го имаат кажано останатите студенти кои дипломирале тука дека големо внимание се обрнува на практичната настава, изјави Барбара Башевска, студент

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува како што беше речено голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции

bas-5

-На овај ден тие стануваат активни чинители во образовниот процес кој што БАС во ова турбулентно време се справува најодговорно а тоа е што ја издвојува од сите останати институции бидејќи студентите се наши партнери во образовниот процес, изјави доц.д-р Гордана Тасевска, БАС Академија

Она што студентите ги интересира каде после дипломирањето на БАС Академија?

-Моментално на БАС Академијата студираат околу 500 студенти. Според статистиката со која располагале првите три генерации кои што дипломирале на БАС се вработени, од нарединте три генерации  повеќе од 50% се вработени, а сите вонредни студенти напредуваа во своите кариери. Голем дел од студентите се вработени и надвор од нашата држава, додаде проф.д-р Цветко Смилевски

bas-3

Пракса е академската година на БАС Академија да стартува третиот понеделник од месец септември, а студентите кои што се запишале на втор циклус студии ќе стартуваат третиот понеделник во месец октомври.