Се одржа првиот академски час на УКЛО

0
839

Почна академската година. Највозбудени на првиот академски час,бруцошите кои велат дека за струката за која се определиле имаат големи очекувања.

uklo-3

Првиот академски час на битолскиот универзитет проследен со свеченост. Се интонираа македонската и химната на УКЛО а свеченоста се одржа во дворот на факултетот за информатички и комуникациски технологии и биотехничкиот факултет. Ректорот посочи дека изборот паднал токму на овие факултети со цел да се спојат искуството и младоста. Биотехничкиот факултет како една од најстарите високо образовбни единици а факултетот за информатички и комуникациски технологии како еден од најмладите

uklo-2

На 38 генерација студенти на УКЛО, на 178 те бруцоши на ФИКТ и 68 те бруцоши на Биотехничкиот факултет успешен старт на академската година им посака министерката за информатичко општество, која што меѓудругото потенцираше дека високотехнолошките науки се најважните ресурси на денешницата

uklo

Шесте најдобри студенти на овие две високообразовни институции им беше свечено врачен индексот а ќе бидат ослободени и од плаќање на партиципација.

uklo-6 Ослободени од плаќање на партиципација се по тројца најдобри студенти на сите високообразовни институции кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет.