Се одржа Семакедонската средба во Трново

0
763

Со интонирање на Македонската химна и со благослов на неговото Високопреосвештенство г.Пимен  денеска во с.Трново во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ по 44 ти пат се одржа Светската Македонска иселеничка средба и 35 тата погранична средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

TRNOVO 3

Настанот е во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

TRNOVO2TRNOVO 7

На денешната семакедонска илинденска средба во Трново се обратија и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески и претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров ја прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.

TRNOVO 6