Се одржа „Солстис“ – фестивал на музиката

0
163

Календарскиот почеток на летото е и Светски ден на музиката. Истиот, во Битола се одбележува со манифестацијата ,,Солстис – празник на музиката”.

Музичари од разни жанрови настапија на повеќе од седум локации низ целиот Широк сокак.

,,Солстис – празник на музиката” е креативна најава, односно ,,загревање” за овогодинешното битолско културно лето „Битфест 2015″.solstis2.jpg

Организатори на синоќешниот настан со кој Битола ќе живее во полн ек, се Француската Алијанса и невладината организација Центар за културна деконтаминација – Битола.

Оваа музичка традиција која ја почитуваат стотина градови ширум светот започна во Франција во 1982 година.Манифестацијата ,,Солстис – празник на музиката” своето прво издание го доживеа во 2002 година и е одлична можност за сите љубители на музиката да уживаат во бесплатни концерти.