Се одржа „TOUR DE GALICICA” во Преспа

0
1823

Над 400 велосипедисти од земјата и регионот од центарот на Ресен ја стартуваа велоспедската тура „TOUR DE GALICICA”. Велосипедското друштво ,,Преспа Бајк,, со поддршка на општина Ресен, оваа тура ја организира по трет пат, но за прв пат турата има меѓународен карактер

-Велосипедистите, промовирајќи ги универзалните вредности на здраво живеење, во Преспа  имаа одлична можност да ги запознаат убавините на Националниот парк Галичица, низ кој на планинска патека  возеа 35 километри. Другите 35 километри ги возеа низ локалните патишта во Ресен, изјави Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

Година Општина Ресен заедно со СВГ преку програмата „Луѓе за луѓе“, обезбеди оперативна помош за реализација на „Тур де Галичица“. Ангажирани беа локални водичи кои ги следеа велосипедистите, ангажирана беше горската служба за спасување од Црвениот крст во Охрид, обезбедени беа  маици за натпреварувачите, пакети за освежување, промотивни материјали. Манифестацијата има за цел да ги промовира убавините на Преспа и Националниот парк Галичица

Турата заврши во Отешево на брегот на Преспанското Езеро каде имаше организирано музички хепенинг.