Се отвора нов коридор за бегалците, кон Албанија

0
534

На албанската граница со Грција се засилуваат пограничните патроли. На граничните премини меѓу Албанија и Грција веќе се дојдени бегалци од Сирија. И други групи се тргнати на пак кон границата со Албанија.

Голем број сириски бегалци веќе чекаат да преминат во Албанија, изјави албанскиот министер за интеграција Клајда Ѓоша. Тој вели дека собирањето бегалци на албанско-грчката граница најверојатно е резултат на одлуката на Македонија да го стопира патот за авганистански мигранти од Грција и да воведе построга контрола за Сиријците и Ирачаните.

Албанските медиуми  нагласуваат во своите извештаи дека албанските министерства за одбрана и за внатрешни работи веќе ја засилуваат границата со цел да извршат контроли. Најмногу претставници на албанската полиција има на граничниот премин Капиштица кон Грција.

Албанската влада последниве две недели неколку пати имаше средби со претставници на ЕУ и САД  за нејзина подготвеност ако бегалците од Сирија побараат да влезат во Албанија.

www.mkd.mk