Се подготвува нов албански политички блок против ДУИ и ДПА

0
519

Претставници на помалите политички партии на Албанците во Македонија се подготвуваат за заеднички настап на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември како резултат на нивното незадоволство од досегашната работа на двете најголеми партии на Албанците – ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Мендух Тачи.

Членови на Беса, на Движењето за реформи на ДПА, Унитети, НДП и ПДП велат дека меѓу нив има некаква комуникација на тема заедничка платформа за предизборна коалиција.

Тие сите велат дека се отворени за меѓусебна соработка и обединување, но засега никој од нив не кажува во која фаза се разговорите.

Зијадин Села, градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи на ДПА, досега неколку пати изјавил дека е за обединување на албанската опозиција и дека е тоа единствена алтернатива за интересите на Албанците.

И претставници на Беса, на Унитети, на ПДП и на НДП велат дека се за соработка со опозициските партии врз принципиелни основи.

Во наредните денови се очекува интензивирање на разговорите меѓу претставниците на овие политички партии за формирање на предизборна коалиција, заедничка пратеничка листа и платформа.