Се поклонија пред споменикот на Стив Наумов

0
1444

Советници од СДСМ и ЛДП денеска се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на Стив Наумов во Битола.

Советничката Наташа Петровска која СДСМ ја истакна за кандидат за градоначалник на Битола на престојните локални избори рече дека на денешен ден пред точно 75 години своите млади животи пред олтарот на слободата, еднаквоста, правдата ги положија нашите херои Стив Наумов и Мите Богоевски.

Таа рече дека секоја недоверба, секоја неискажана почит која што во изминатиот период ја имавме од одредена политичка партија, ќе биде строго осудена.