Се повеќе деца се дустабан

0
5844

Сте обрнале ли внимание какви траги оставате на влажниот морски песок ? Ако е отпечатено целото стапало, тоа значи сте дустабан. Но, тоа е повеќе состојба отколку болест. Што е дустабан ? Дустабан ( рамно стапало ) е состојба при која се забележува пад на медијалниот свод ( закривување од внатрешната страна на стапалото која почнува од петата и стига до основата на прстите ), односно газите на земјата со целата површина на стапалото. Овој деформитет кој во подоцнежни години може да ви чини здравје не се открива се до третата година од животот кај децата бидејќи, до таа возраст стапалата имаат перниче поради кое неможе точно да се прецизира по основата, односно трите точки, паллецот, петтиот прст и петицата, кои го одредуваат биомеханичкото оптоварување.

 

niko jankov

Д-р Нико Јанков ортопед вели дека децата се повеќе и повеќе се дустабан.

Кај рамните стапала понекогаш се гледа мазнење на попречниот свод , кој се наоѓа меѓу основата на палецот и малиот прст . Низа причини има за оваа појава, хронично преоптоварување на стапалата, носење на несоодветни чевли, дебелеење.

Квалитетот на чевлите е таков каков што е да се купат квалитетни чевли тоа чини скапо, додава д-р Јанков.

Според специјалистите ортопеди, носењето само ортопедски чевли нема да ја реши состојбата, неопходно е да се развиваат мускултите на стапалата, да се спроведуваат вежби и слично.Овој деформитет со текот на годините се јавува и во повозрасните години и не се рекло за џабе додава Јанков, младата невеста носи високи потпетици кои со годините се смалуваат на висина за на крај да се носат влечките како обувки. Страдалниците од рамни стапала обично се жалат на силна болка во нозете , дури до колкот, брз замор, отекување.

Без коментари

LEAVE A REPLY