Се повеќе деца се користат како „човечки бомби“

0
233

Милитантите на “Боко Харам” користеле повеќе од 80 деца како “човечки бомби” во нападите во Нигерија, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН. Тој изјави дека, според статистиката на УНИЦЕФ, бројот на терористички напади во кои се користеле деца  во 2017 година е четирипати поголем од бројот забележан во текот на целата 2016 година.

– Од почетокот на оваа година 83 деца се искористени како “човечки бомби”, вклучувајќи 55 девојки, од кои повеќето беа помалку од 15 години – изјави портпаролот на раководителот на ОН и истакна дека овие деца се жртви, а не напаѓачи.

Нигериската војска веќе осум години се бори против милитантите на “Боко Харам”, група која се фали со  верноста на “Исламска држава”. Во  Нигерија се раселени најмалку два милиони жители, додека повеќе од седум милиони се зависни од хуманитарна помош.

Последниот поголем напад на терористите во Нигерија се случи пред 7 дена кога двајца активираа експлозивни уреди на пазарите  во близина на бегалскиот камп во областа Маџугури. Во нападите  загинаа 30 цивили, а повеќе од 80 беа повредени.

http://makfax.com.mk

Без коментари