Се повеќе компании го користат интернет маркетингот

0
261

Од 2007 година до денес, интересот за користење на интернетот како канал за комуникација со своите потенцијални и сегашни клиенти кај македонските, но и кај битолските фирми е зголемен, велат од интернет-маркетинг агенцијата Нова Солушнс.

-Компаниите сега гледаат да направат веб сајт, профил на социјалните мрежи, вели Предраг Стојковски, Нова Солушнс.
Секоја компанија во поразвиените земји максимално го користи интернетот за подобар маркетинг, а целта е поефикасно комуницирање со клиентите, но и зголемување на продажбата на производите и услугите.
-Во Америка нема компанија која нема своја веб страна, своја веб продавница, вели Стојковски.
Иако во Македонија има нагорен тренд, сепак кај дел од фирмите не постои голем интерес за следење на трендовите за интернет маркетинг.
-Има компании кои имаат страни кои се стари по 10 до 15 години, вели Стојковски.
Со развојот на технологијата и се поголемите можности кои ги нуди интернетот, не е битно само да се има интернет страница или пак профил на социјалните мрежи. Корисниците сега во голема мера внимаваат и на дизајнот.